More

    Претседателот на Северна Кореја тајно патува за Русија

    spot_img

    Јужнокорејскиот информативен канал ИТН (YTN) повикувајќи се на неименувани владини претставници објави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун најверојатно се упатил кон Русија, каде ќе се сретне со претседателот Владимир Путин.

    Според достапните информации Ким се упатил кон североисточната граница на Северна Кореја со посебен воз, а средбата со Путин би требало да се одржи најрано утре. Медиумите шпекулираат дека се работи за приватниот блиндиран воз на Ким, кој е отпорен на куршуми, а со кој тој ја посети Русија во април 2019 година.

    Тогаш, на Владивосток тој за првпат се сретна со Путин, откако пропаднаа преговорите со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Северна Кореја да се откаже од нејзината нуклеарна програма.

    Новата средба Ким – Путин се очекува на 13 септември. Додека руските медиуми објавија дека се „следните денови“ се очекува Ким да го посети Далечен Исток.

    Доколку се одржи средбата, тоа ќе биде прва посета на Ким во странство по повеќе од четири години и прва по пандемијата на ковид-19.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img