More

    Претседателот на Барселона се нафрли на Реал и судиите: „Срамота на Бернабеу“

    spot_img

    Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ги коментираше настаните на контроверзниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Алмерија во последното коло од Ла Лига…

    Во Шпанија продолжува полемиката за контроверзното судење на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Алмерија во последното коло од Ла Лига. Скандалот продолжува.

    Многу медиуми на Пиринеите, особено андалузиските, каталонските и баскиските медиуми, исходот од тој натпревар го нарекуваат грабеж на векот, невидена кражба и срам… Дури и Мадрид признава дека се се претвори во светски скандал.

    На обвинувањата им се придружија и Барселона, односно нејзините лидери. Откако тренерот на Барселона Чави Ернандез сосема јасно проговори за целата ситуација по натпреварот со Бетис во Севиља, му се придружи и претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта.

    На прашањето за коментар на големата гала вечера на каталонскиот весник „Мундо Депортива“, претседателот на Барселона не си го гризнал јазикот. Наместо тоа, тој пушти наплив оган.

    „Она што се случи на Сантијаго Бернабеу е чист срам. Мислам дека судиската организација мора да одговори на низата притисоци кои се случија во текот на сезоната. Ако не одговорат, нè оставаат во многу непријатна ситуација бидејќи тоа ќе го сфатиме како откажување од функциите. Во секој случај, среќни сме затоа што вчера го победивме Бетис на тешко гостување во Севиља“, изјави Лапорта со јасна алузија на тоа кој врши притисок врз судиите.

    Каталонските медиуми го потврдуваат тоа со неодамнешните изјави и коментари кои се случија на ТВ Реал Мадрид по натпреварот помеѓу Реал и Атлетико во осминафиналето на Купот на Кралот.

    Лапорта продолжува:

    „Се чувствуваме посилни и покохезивни, но она што сакаме е да бидеме спортски наградени. На денот кога можевме да ја намалиме разликата во бодовите, тоа не се случи поради срамната арбитража, особено ВАР“, инсистираше Лапорта, жалејќи се на судиските грешки на мечот меѓу Реал и Алмерија, кој отиде на страната на Реал кој направи 0:2 и победи со гол 3:2 во деветтата минута од судиското надополнување, а по ВАР трипати интервенираше и ги поништи клучните одлуки на главниот судија на теренот.

    Освен што зборуваше за судискиот скандал на Бернабеу, Лапорта го анализираше и актуелниот момент на Барселона. Тој изрази оптимизам за можноста за освојување на шампионатот.

    „Тимот се крева, се чувствува како да станува посилен. Имаме повеќе единство во соблекувалната и гледаме и важни играчи кои се враќаат. Тер Штеген наскоро ќе се приклучи на првиот тим. Имаме играчи со одличен квалитет како Роберт Левандовски и сите оние кои го сочинуваат првиот тим на Барса. Јас сум голем оптимист затоа што мислам дека ќе ја добиеме нашата награда и дека другите ривали ќе тапкаат во место како ние на почетокот на сезоната. Мора да работиме, да се бориме од ден на ден, да останеме во сите натпреварувања и да се трудиме да ги победиме“, заклучи претседателот на Барселона.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img