На 16.03.2023 во 18.30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ј. (29) од Велес. При претрес во домот на неговиот брат Т.Ј. (31) од Велес, извршен по наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени три пакувања со марихуана, една дигитална вага, поголем износ на пари во различни апоени. Нешто пред тоа, во 16.50 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.К.(25) од Велес. При претрес во неговиот дом во Велес, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една дигитална вага и двe дробилки за марихуана. Лицата се приведени во Полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следат соодветни пријави.