More

    Спасовски на средба со претставници од Советот на амбасадори со седиште во Скопје

    spot_img

    Денеска, министерот Оливер Спасовски оствари работна средба со претседателот на Советот на амбасадори со седиште во Скопје,  Мухамед Халили и членови на Здружението на Советот на амбасадори.

    Халили упати благодарност до министерот Спасовски за денешнава средба информирајќи го околу активностите на  Здружението на Совет на амбасадори, кое  претставува доброволно и невладино здружение на граѓани формирано со слободно здружување на дипломатите. Здружението помага преку советодавни и други форми на дејствување во креирање и остварување на политики од областа на надворешната и меѓународна политика вклучително НАТО и ЕУ интеграциите на Република Северна Македонија. Тој побара од министерот Спасовски поддршка и заедничка соработка околу идните проекти кои ќе бидат предложени од нивна страна.

    Спасовски ги поздрави членовите на Здружението и упати уверување за поддршка на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија поврзано со идните планови и проекти во делот на безбедноста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img