На 29.05.2023 во 20.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Б.(40) од Скопје.
При претрес во неговиот дом на подрачјето на Аеродром, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени дигитална вага и марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.