На 13.03.2024 во 11.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.А.(40) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.