На 04.10.2023 во 13.00 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода М.П.(35) од Република Албанија.
При претрес, извршен со судска наредба во станот во кој живеел под наем во Гостивар, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од марихуана и шприц со кафеава течност.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.