Претепан до смрт додека се обидувал да ја заштити својата вереница

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Турскиот актер Емре Ајтекин почина на 32-годишна возраст во Истанбул. Познатиот актер и музичар во Истанбул бил претепан додека се обидувал да ја заштити својата вереница, актерката Сандра Зепин, а потоа им подлегнал на повредите, пренесува Н1.

Според извештаите, Сандра Зепин  ѕвездата на филмот „Збогум Германија“, го ризикувала сопствениот живот за да го спаси својот вереник, но немало помош.

– Се обидов да ги одвлечам напаѓачите од Емре, но и тие ме нападнаа и мене. Очите на Емре беа отворени и имаше многу крв. Ме погледна, му реков дека го сакам, дека не ме остава сама… – раскажа Сандра за трагичниот момент.

 

Како што пренесуваат германските медиуми, постои сомневање дека непознати напаѓачи ја малтретирале вереницата на Ајтекин пред кобниот момент.

Како што пренесува Билд, Емре Ајтекин бил претепан во ресторан за брза храна, откако Сандра била малтретирана од двајца мажи. Емре сакал да ја смири ситуацијата, а потоа двајцата мажи го нападнале и му нанеле смртоносни повреди.

Share This Article