Пресметка на банди на семеен собир

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Осум лица се застрелани, меѓу кои три деца, вклучително и седумгодишно девојче кое им подлегна на повредите, во престрелка поврзана со ривалство на локалните банди во јужниот дел на Чикаго, соопшти денеска полицијата.

– Девојче беше застрелано во главата синоќа и им подлегна на повредите, додека едногодишно и седумгодишно момче беа застрелани повеќекратно и се во критична состојба. Полицијата одговорила на пријавата за пукање околу 21 часот, но кога пристигнала на местото ги нашла само застреланите, меѓу кои три деца и возрасни од 19 до 40 години – изјави заменик-началникот на полицијата во Чикаго Дон Џером на брифинг со новинарите одржан на местото на пресметката на улицата 52 во јужниот дел на градот.

Повредените, кои се нашле на местото на крвавата пресметка поради семеен собир, се пренесени во локалните болници.

Според Џером, истрагата сѐ уште е во прелиминарна фаза, но очевидци изјавиле дека пукале две лица.

– Ова не беше случаен чин на насилство, туку се чини дека е поврзан со ривалски банди. Без разлика на мотивите за ова пукање, вечерва се повредени три невини деца, а едно од нив им подлегна на повредите – изјави Џером.

Share This Article