More

    Премиерот повикува дискусијата за уставните измени да се води со факти

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски смета дека во моментов целата дискусија за уставните измени се води на прилично рационално ниво од страна на владејачките партии и коалицијата која е за европски интеграции, а на исклучително нерационално ниво од страна на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ.

    Според премиерот, неопходна е дискусија која ќе базира на факти.

    – Гледате дека во јавноста нема никакви забелешки во однос на содржината на амандманите и во однос на постапката која се води. Сметам дека на крај треба да резултира со изгласување на потребните одлуки и отворање на поглавјата за што побрзо пристапување во ЕУ. Стратешка одлука значи тоа, се друго е бегање од реалноста, бегање од одговорност и враќање на државата во изолација и неизвесност какви што видовме во тие 11 години кога се креираше модел на културно-историски-финансики инженеринг од кој бенефит не доби никој, само земјата стагнираше на сите полиња и не мрдна ниту милиметар во евроатлантските интеграции. Само за споредба Хрватска почна со нас, а веќе воведе евро, дел е од ЕУ и од Шенген зоната, додека ние се уште разговараме дали ќе донесеме одлука со која ќе ги отвориме поглавјата, истакна Ковачевски – одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето на трите нови сали во ГОБ „8-ми Септември“.

    Главната одлука што ја има овој пратенички мандат, напомена Ковачевски, е давање глас за Европа и продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата.

    – Пратениците одлучуваат согласно мандатот што го имаат добиено. Сметам дека главната одлука што ја има овој пратенички мандат, е давање глас за Европа и продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата. Ние тој процес го почнавме, процесот беше поздравен и од сите наши стратешки партнери: и од САД и од лидерите на ЕУ и од членките на ЕУ – подвлече премиерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img