More

    Премиерот не е задоволен од локалната власт

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски не е задоволен од работата на градоначалниците бидејќи, како што денеска изјави, ветувањата дадени за време на изборната кампања воопшто не се реализираат. 

    –  Доминантно, власта во локалните самоуправи ја освои опозицијата и тие мора да бидат свесни за својата одговорност. Од она што можам да го видам е дека ништо не се прави во општините. Јас живеам во градот Скопје каде што гледам дека ветувањата што беа давани во текот на кампањата воопшто не се реализираат. Единствено нешто што добиваме од градоначалниците е барања за помош, меѓутоа од другата страна не постои никаква иницијатива од нив да се вклучат во справувањето со енергетската и економската криза – изјави Ковачевски.

    Одговарајќи на новинарски прашања по денешното закројување на лозјата во Росоман, Ковачевски упати критика до градоначалниците кои во време на криза ги правеле буџетите на општините без притоа да предвидат кризни програми за справување.

    – Дополнително на тоа, барањата доаѓаат од градоначалници кои доаѓаат од партија која гледаме дека наместо да им помага на граѓаните, вчера организираше целодневни настани со снимање на скапи видеа и со организирање во скапи сали каде што презентираа проекти од кои дел се започнати од градоначалниците од СДСМ, а другиот дел се тотално непостоечки и би кажал некакви стелт технологија проекти коишто никој не ги гледа и никој не ја гледа нивната имплементација – рече Ковачевски. 

    Тој додаде и дека единството и застапувањето на нашата држава се прави во законодавниот дом, а не со еднострани декларации. Со тоа само се попречува процесот на разговори што се водат со Софија во духот на европските вредности, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање како го коментира повикот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за национално обединување, кога се во прашање интересите на државата.

    – Таа изјава сметам дека воопшто не е искрена, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период единствено нешто што прави е креирање хистерија во однос на разговорите што се водат со Бугарија, исто така во рамки на подготовките за работните групи што ги формиравме со бугарскиот премиер и членовите на нивната Влада заедно со нашата Влада ние упативме покана и до опозицијата, при што таа беше одбиена – оцени Ковачевски.

    Во однос на единството, додаде Ковачевски, единството и застапувањето на нашата држава се прави во законодавниот дом, што претставува дом на сите граѓани, што се застапени од пратениците, и доколку ВМРО-ДПМНЕ мисли дека со еднострани декларации со што единствено се попречува процесот на разговори, што се водат во духот на европски вредности, и на задржување на достоинството на сите граѓани, дека ќе помогне, тие го прават токму спротивното.

    За тоа кога ќе се сретне со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, како што најави при преземањето на премиерската функција, Ковачевски вели дека таа средба ќе се случи и јавноста ќе биде навремено информирана.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img