More

    Премиерот дојден со 3 предлози, Мицкоски има само една идеја

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски ќе му понуди три конкретни предлози на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба, брифираат извори од владата.

    Едниот предлог е партиите заеднички да застанат зад уставните измени и зад европската иднина на земјата и да ги изгласаат измените во Собранието. Другиот предлог е веднаш после усвојувањето на уставните измени да се распишат избори како компромисно решение кое ќе значи продолжување на европскиот пат, обединување околу стратешкиот интерес на земјата, со што би се излегло во пресрет на барањето на Мицкоски за предвремени избори. Третиот предлог на Ковачевски засега не се соопштува.

    Предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, е уставните измени веднаш да се стават на гласање во Собранието, а поради тоа што ќе нема мнозинство, тие ќе пропаднат и потоа ќе се распишат избори.

    Лидерската средба се одвива зад затворени врати и не се очекува да трае долго.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img