Премиерлигашот Манчестер јунајтед сака ова лето да го донесе во своите редови Хари Кејн и за услугите на англискиот репрезентативец е подготвен да му плати на Тотенхем обесштетување од 100 милиони евра

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Премиерлигашот Манчестер јунајтед сака ова лето да го донесе во своите редови Хари Кејн и за услугите на англискиот репрезентативец е подготвен да му плати на Тотенхем обесштетување од 100 милиони евра.

Потсетувајќи дека Кејн е долгогодишна желба на Јунајтед, англиските медиуми пренесуваат денеска дека неговиот трансфер ова лето е пореален од кога и да е.

Кејн има договор со Тотенхем до јуни идната година, и според медиумите, клупскиот претседател Даниел Леви ќе се согласи да му дозволи да замине на крајот на оваа сезона, за да не се доведе во ситуација идното лето да остане и без Кејн, и без пари.

Кејн е во Тотенхем од почетокот на кариерата и досега за лондонскиот клуб одигра 429 натпревари на кои постигна 274 голови. Три пати беше најдобар стрелец во Премиер лигата, но со Тотенхем не освои ниту еден трофеј.

Share This Article