Преку ден ќе биде облачно, локални поројни врнежи од понеделник

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вториот ден од викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а на некои места во должина на Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Преку ноќта ќе има засилен интензитет.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 7 степени, а дневните од 7 до 17 степени.

Во Скопје ќе променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Температурата ќе достигне 15 степени.

УХМР информира дека во почетокот на следната недела на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи.

И во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет.

Share This Article