Македонско-јапонска музичка соработка донесе интересна изведба на култната песна „Македонско девојче“. Македонскиот тенор Благоја Нацоски и јапонскиот бас Казухиро Котецу привлекоа внимание со интересната заедничка изведна на култната песна испеана од доајенот на македонската музија, Јонче Христовски.
Во македонско-јапонската изведба на песната, Нацоски пее, а Котецу го придружува на пијано.
Јапонскиот музичар на својот Јутјуб канал има објавено повеќе обработки на познати македонски песни.