Преговорите меѓу Израел и Хамас се во застој

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Преговорите меѓу Израел и Хамас за обезбедување примирје во Газа и размена на заложници се во застој што придонесува за дополнителна ескалација на ситуацијата на блискиот Исток.

– Поминуваме низ чувствителна фаза со одреден застој и се обидуваме колку што е можно повеќе да го решиме тоа – изјави денеска катарскиот премиер шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани на прес-конференција со романскиот премиер Марсел Чолаку.

Катар, заедно со САД и Египет, е ангажиран во неколкунеделни разговори за да се обезбеди примирје во Газа и ослободување на израелските заложници во замена за палестинските затвореници кои се чуваат во израелските затвори.

-Преговарачите се обидуваат  да стават крај на страдањата што ги доживуваат луѓето во Газа и да ги вратат заложниците – рече шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани.

Во меѓувреме се зголемуваат тензиите на Блискиот Исток во очекување на нови ирански напади и одговор од израелска страна.

Share This Article