More

    Предупредување до Украинците за нови напади. 4,5 милиони луѓе без струја

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изјави дека земјата се подготвува за нови руски напади врз нејзината инфраструктура, откако градоначалникот на Киев ги повика граѓаните да се подготват за најлошото можно сценарио.Земјата се соочи со недостиг од 32 отсто во предвиденото снабдување со електрична енергија во понеделникот, рече Сергеј Коваленко, извршен директор на ЈАСНО, главниот снабдувач со енергија во Киев. „Ова е многу и тоа е виша сила“, рече тој. Во меѓувреме, националните енергетски власти предупредија на планирани исклучувања, но и на можни дополнителни ограничувања во главниот град и регионот околу него, како и во шест други региони во земјата.

    Предупредувањата дојдоа откако градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко ги повика жителите „да бидат подготвени на се“, вклучително и најлошото сценарио во кое главниот град ги губи струјата и водата. „Ако имате пошироко семејство… или пријатели надвор од Киев, каде што има автономно снабдување со вода, печка, греење, ве молиме разгледајте ја можноста да останете таму одреден временски период“, рече Кличко.

    Претседателот Зеленски во своето ноќно видео обраќање истакна дека 4,5 милиони потрошувачи се веќе без струја. „Исто така, разбираме дека терористичката држава концентрира сили и средства за можно повторување на масовни напади врз нашата инфраструктура“, рече тој. „Пред се енергија. Поточно, на Русија и беа потребни ирански ракети за ова. Се подготвуваме за одговор“, додаде тој.

    Зеленски не ја објасни својата изјава дека на Русија и се потребни ирански ракети за да ја таргетираат украинската енергетска инфраструктура.

    Иран во саботата за прв пат призна дека и доставил на Русија беспилотни летала што Москва ги користи за цел на електрани и цивилна инфраструктура, но истакна дека тоа било пред почетокот на војната. Но, иранскиот министер за надворешни работи, исто така, негираше дека Иран и испорачувал ракети на Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img