More

    Предлог-резолуцијата на ЕП предвидува и санкции доколку Белград не соработува

    spot_img

    Европскиот парламент во предлог-резолуција бара од Србија да го расветли случајот со настаните во Бањска од 23 септември и да го екстрадира Милан Радоичиќ на Косово, потпретседателот на Српската листа, пишува српска Нова.

    Медиумот го анализира текстот за кој европратениците ќе расправаат утре, а кој предлага мерки против Србија доколку се утври дека земјата била директно вмешана во нападот и доколку српските власти „не се подготвени целосно да соработуваат“ во истрагата.

    Во овој контекст, европратениците ја повикуваат Европската комисија(ЕК) да ги суспендира средствата доставени за Србија во рамките на Инструментот за претпристапна помош III, доколку резултатите од истрагата покажат дека српската држава била директно вмешана во овие напади.

    Тие ја повикуваат ЕК да усвои насочени рестриктивни мерки и наведуваат: „вклучувајќи, но не ограничувајќи се на замрзнување на имотот и забрани за патување, против дестабилизирачките актери на северот на Косово и водачите на големите мрежи на организиран криминал“.

    Понатаму, тие предлагаат ЕК да го следи примерот на САД и да воведе санкции за Милан Радоичиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img