More

    Предлог на Европската Комисија за забрзување на проширувањето

    spot_img

    Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел денеска изјави дека Европската Комисија предложи на БиХ да ѝ се даде статус на кандидат за ЕУ, дека Брисел носи позитивна динамика во процесот на проширување и изрази надеж дека Западен Балкан ќе ја искористи можноста и ќе ги спроведе клучните реформи.

    – Ние не ги оценуваме само перформансите на нашите партнери, туку и на идните членки на ЕУ – посочи потпретседателот на ЕК. Тој додаде дека руската инвазија врз Украина ја истакнува важноста на проширувањето на ЕУ, кое добива ново геополитичко значење.

    Борел додаде дека тоа е долгорочна инвестиција во мирот, просперитетот и стабилноста на Европа.

    Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, презентирајќи го пакетот за проширување, истакна и дека политиката за проширување на ЕУ е геостратешка инвестиција во стабилноста, безбедноста и социо-економскиот развој на европскиот континент.

    – Нашиот извештај нуди фактичка и правична проценка и јасни насоки за да им овозможиме на нашите партнери да идентификуваат каде треба побрзо да одат со земјите. Нема алтернатива, наш заеднички интерес е да го забрзаме процесот на интеграција, почнувајќи од Западен Балкан. каде што инвестиравме долги години за да ги доближиме до ЕУ – рече Вархеји, пренесе Бета.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img