Пречката е во Членот 5 од основачкиот договор, преупредуваат германските стручњаци

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Ukrainian anti-aircraft gunners of the 93rd Separate Mechanized Brigade Kholodny Yar monitor the sky from their positions in the direction of Bakhmut in the Donetsk region, amid the Russian invasion of Ukraine, on February 20, 2024. (Photo by Anatolii STEPANOV / AFP)

Експертскиот совет на германскиот парламент дојде до заклучок дека не може да се повика на членот 5 од основачкиот договор на Алијансата за заедничка одбрана во ситуација кога една од земјите на блокот испраќа војници во Украина и последователен руски напад врз нив пренесува ДПА.
– Доколку единици на земја членка на НАТО, во извршување на колективна самоодбрана (член 51 од Повелбата на ОН) учествуваат во актуелниот конфликт (меѓу Русија и Украина) во корист на Украина, а за време на воените операции во зоната на конфликтот се нападнати од другата страна во конфликтот (Русија), тогаш таа нема да стане основа за примена на Членот 5 од договорот за НАТО – наведува агенцијата дел од извештајот на  советот на Бундестагот кој допрва треба да се објави.

Како што оценуваат германските експертит, членот од договорот кој предвидува можност за колективен одговор на НАТО може да се користи само доколку таков конфликт се случи на територијата на земјите од Алијансата.
Според нив, влезот на француските војници во Украина би бил прифатлив, но тоа не би значело дека сите други земји од Алијансата автоматски ќе станат страни во конфликтот.

Во фамозниот Член 5 од договорот за НАТО стои дека доколку биде нападната една членка на НАТО, сите останати членки се должни да помогнат во одбраната на таа членка.

Тој член досега бил активиран само еднаш, по терористичките напади на 11 септември 2001 година во Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија од страна на Ал Каеда. Алијансата тогаш објави дека нападот врз САД е напад врз целата Алијанса. Членките на НАТО тигаш им помогнаа на САД во борбата против тероризмот и во окупацијата на Авганистан од страна на воената мисија на НАТО.

За НАТО, првата реченица од Членот 5 е најважна, која е гаранција дека ќе и се пружи помош на нападнатата членка, додека во завршната одредба се наведува дека Советот за безбедност на Обединетите нации мора итно да биде информиран за мерките за одржување на мирот и безбедноста. .

Доколку НАТО преземе какви било чекори против Русија, ќе мора да ја пријави акцијата до Советот за безбедност на Обединетите нации, но бидејќи Русија е постојана членка на Советот за безбедност, има право на вето.

Share This Article