Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во центарот на Битола продолжи да работи и да организира настани и покрај тоа што овој клуб е избришан од Централниот регистер.
Сепак, тоа не ги спречи членовите на клубот да организираат прослава за време на празникот посветен на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, дента на 24 мај.
Од објавите на Фејсбук страницата на клубот може да се забележи дека речиси триесетина млади хористи од Бугарија настапиле во клубот на улицата Рузвелтова, а меѓу гостите покрај раководството на сега згаснатиот клуб, претседателот Љупчо Георгиевски и други истакнати членови, бил и генералниот конзул на Бугарија во Битола, Николај Димитров.