More

    Празна сала на денешната седница во Собранието

    spot_img

    Сo петнаесетина пратеници почна попладневната дебата на 140. пленарна седница на Собранието на која моментално се расправа за предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за академија на судии и јавни обвинители.

    Пратениците треба да расправаат и за предлог законите за стратешките проекти во енергетиката и договорите со избраните инвеститори, кои се носат во итна постапка.

    Согледувајќи дека говорат пред празна сала, пратениците од говорницата се обраќаа главно кон камерите и кон јавноста. Дел од законите кои поминаа на седницата не беа гласани, веројатно и поради отсуството на пратениците.

    Опозицијата е против донесувањето на измените на Законот за академија на судии и јавни обвинители со кои покрај електронското тестирање се воведува и тестирање во хартиена форма. Пратениците се препираа околу тоа колку едниот или другиот начин на тестирање дава можност за малверзации.

    Претходно, пратениците без да гласаат, бидејќи и тогаш немаше доволен број пратеници за гласање по одредени закони, дискутираа за неколку точки од дневниот ред на 140. седница меѓу кои и законот за нефер практики за утврдување на цените на земјоделските производи, за кој опозицијата смета дека нема да биде во функција ниту во намалувањето на инфлацијата, ниту пак во однос на финалните цени, а власта го смета спротивното.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img