More

    Правникот Муамеди го коментираше интервјуто на вицепремиерот за косовската телевизија

    spot_img

    Правникот Умејр Муамеди познат по своите фејсбук-статуси го коментираше неодамнешното гостување на вицепремиерот Артан Груби на косовската телевизија Дукаѓини каде Груби појасни дека договорот за премиер Албанец во Македонија уште важи.

    Еве што напиша Муамеди:

    „Го следам Артан Груби во Косовската телевизија „РТВ Дукаѓини” како им објаснува на Косоварите дека Македонците (како етникум) имаат страв од Бугарите, од Грците, од Албанците итн од можни територијални поделби и генерално ги претставува македонците како фобична нација, триумфалистички го покажува тоа дека клучните позиции им се земени на Македонците, но не и калот и лошата инфраструктура по албанските населени места, дека на него шеф му е Али Ахмети, а не Димитар Ковачевски и многу други шовинистички муабети (нешта што не одат ниту во прилог на албанците ниту во прилог на македонците а на штета на сите). Значи заменик-премиерот на Македонија (за него северна) за Македонците зборува како да му се непријатели, а не сограѓани.

    Во вакви моменти премиерот треба да излезе и да даде оставка бидејки кога твојот заменик така се претставува треба да му биде срам, а не привилегија дека е премиер.

    Македонија и официјално нема премиер односно има „Британска Кралица”, а премиер де факто е Артан Груби“, пишува Муамеди.

    Муамеди стана познат во јавноста по неговиот претходен фејсбук статус каде ги прекори функционерите кои истакнуваат знамиња од други држави во институциите каде работат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img