Пратениците бараат судот да го примени против протестантите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Огромно мнозинство од вкупно 290-те членови на иранскиот Парламент вчера побараа судството да го примени Законот за одмазда против „непријателите на Бога” алудирајќи на протестите во земјата.

Во соопштението потпишано од 227 од вкупно 290 пратеници, се бара од сите надлежни органи, вклучувајќи го и судството, што поскоро да го спроведат Законот за одмазда против мохареб (непријателот на Бога).

„Тие се како џихадистите на Исламската држава, бидејќи со ножеви и огнено оружје се закануваат по животите и имотите. Го повикуваме судството решително да постапи со сторителите на тие злосторства и со сите оние кои ги поттикнаа немирите, вклучувајќи и некои политичари”, се додава во барањето на пратениците.

Законот за одмазда е еден од најстарите закони, што се состои во тоа сторителот на кривично дело или злосторство да биде казнет на истот начин на кој самиот го сторил тоа кривично дело. Овој закон е често придружен со библиското талионско начело „Око за око, заб за заб”.

Протестите во Иран почнаа на 16 септември, денот на смртта на Махса Амини (22) во болницата во Техеран, каде што беше ставена во тешка состојба по нејзиното апсење на 13 септември од страна на полицијата за морал поради „несоодветното носење на облеката” и непочитување на строгиот ирански кодекс на облекување за жените.

Share This Article