Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, тврди дека во Собранието забрзано се ставаат заостанати седници на дневен ред, што според него, единствено потврдува дека се подготвува терен за предвремени парламентарни избори – веднаш после обидот за уставни измени!
„Тоа што беа ставени 11 продолженија на седници на дневен ред е јасен индикатор дека ќе има предвремени парламентарни избори. Ова е всушност еден вид ‘чистка’, затоа што, доколку има избори, сите закони кои не се донесени пропаѓаат, без разлика во која фаза се. Затоа што секој нов парламентарен состав си почнува од седница број 1“, вели Крмов во интервју за Аргумент плус.
Тој додава дека партијата има сознанија дека на собраниските служби им е дадено сите заостанати закони да ги чистат.
„Има генерална директива од Џафери да се чистат сите седници – што е најјасен индикатор дека после обидот да го променат уставот, ние ќе одиме на избори во есен“, додава Крмов.