Пратеник од владејачката партија прими бокс, па изби масовна тепачка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во грузискиот парламент изби тепачка поради контроверзен закон, објави хрватски Дневник. Тамошните политичари се судрија за време на расправата за контроверзниот закон за „странски агенти“ кој се обидува да го донесе владејачката партија.

На видеото, објавено во понеделникот на грузиската телевизија Мамук Мдинарадзе, опозицискиот пратеник Алеко Елисашвили го удира по глава лидерот на парламентарната фракција на владејачката партија Грузиски сон, кој е главен носител на законот. Инцидентот предизвика поголема тепачка меѓу неколку пратеници, што повремено се случува во честопати бурниот парламент на Грузија.

Елисашвили подоцна бил пречекан со овации пред зградата на парламентот од демонстрантите кои се собраа таму поради споменатиот закон.

Грузискиот сон претходно овој месец соопшти дека повторно ќе го воведе законодавството со кое се бара од организациите, кои добиваат средства од странство, да се регистрираат како „странски агенти“ или да плаќаат казни.

Партијата се откажа од истиот закон пред 13 месеци откако избувнаа протести поради истиот.

Законот ги наруши односите со европските земји и со САД, кои се противат на неговото усвојување. Европската унија, која на Грузија ѝ додели кандидатски статус во декември, рече дека потегот е некомпатибилен со вредностите на блокот.

Share This Article