Откако тенискиот ас Новак Ѓоковиќ му ги врати тениските терените на градот Белград, во Србија наголемо се зборува за тоа кој ќе се грижи за нив. Ѓоковиќ објасни дека ѝ предлог на државата што да прави со нив.
Интересно е што тој одлучи да го изгради својот клуб на нова локација, а можеби тој воопшто нема да биде ниту во Србија, пишува српска Нова.
– Продолжувам со нови проекти, а во следните неколку години нешто ќе се оствари на тој фронт, на друга локација, без разлика дали во Србија или не, ќе видиме – вели Ѓоковиќ и додава:
– Му го враќаме центарот на градот Белград, не знаеме што ќе биде сега, што ќе одлучи градот да прави со тој клуб. Јас пријателски дадов предлог тоа да биде национален тениски центар, што беше желба на Тенискиот сојуз на Србија и на сите нас тениските работници во изминатите 15-20 години. Овој спорт кој ѝ даде многу на Србија заслужува да има тениски центар. Тоа е идеално.
Најдобриот тенисер во историјата да нема каде да тренира во родниот град. Сега тој во Белград ќе мора барем малку да гостува на туѓ терен.
– Што се однесува до мојата база во Белград – тоа сè уште не го знам. Претпоставувам дека ќе биде салата „Гемакс“. Што се однесува до згура и бетон на отворено, ќе видиме. Можеби и салата „25 мај“, во зависност од тоа кој ќе влезе таму и како тоа ќе се спроведе – заклучи Ѓоковиќ.
Српските медиуми пишуваат дека едно е сигурно – дека Новак нема да има врска со терените во Дорчол и дека самиот се ставил во ситуација во која не сака да биде откако не добил дозвола за проширувањето, па сега ќе се сврти кон други опции.
Она што е сигурно е дека на Ѓоковиќ му треба тениски центар за да може да се подготви за турнирите кои ги има во текот на годината, потребна му е вистинска база.
Претходно се шпекулираше дека Новак сака да изгради вистинска академија во Дорчоч о да ја прошири со нови објекти, по примерот на други вакви академии во светот.