Познатиот музичар Ози Озборн има Паркинсонова болест и тумор на ‘рбетот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Познатиот музичар Ози Озборн (74) изјавил дека не сака да живее „долг, мизерен живот и да се чувствува очајно“ поради влошената здравствена состојба и проблемите со подвижноста. Познатиот рокер, познат по својот контроверзен начин на живот, смета дека во најдобар случај му преостануваат уште 10 години.

Иако е свесен за својата состојба, каде по бројни операции најчесто се движи во инвалидска количка и со помош, инсистира дека во него сè уште има живот и дека го нервираат натписите дека „ја води последната битка“ .

Во интервју за „Ролинг стоун“, Ози откри дека во 2003 година му била дијагностицирана Паркинсонова болест, а потоа, во текот на неговата четврта операција на грбот во 2019 година, му бил пронајден тумор на ‘рбетот.

„Не се чувствувам подготвен да умрам, но не сакам да имам долго, болно и очајно постоење. Ми се допаѓа идејата дека ако имаш терминална болест, можеш да одиш на некое место во Швајцарија и да го завршиш тоа брзо. Гледав како татко ми умира од тумор“, објаснил Озборн.

ФОТО: Твитер

Познато е дека во текот на животот многу експериментирал со недозволени супстанцiи, а во еден момент на сцената во таква состојба одгризал глава на лилјак.

„Ѝ реков на Шерон дека неодамна пушев џоинт, а таа ми рече: „Зошто го направи тоа?! Ќе те убие!“. Ѝ одговорив: „Колку сакаш да живеам??“. Во најдобар случај ми остануваат уште 10 години, а како што старееш времето се чини како да забрзува. Шерон и јас неодамна ја прославивме нашата 41-ва годишнина од брак, и тоа е неверојатно!“, изјавил Ози.

Шерон (71) неодамна беше мета на критики бидејќи драстично ослабела, а сите се сомневаат дека тоа е благодарение на „Оземпик“, лек кој е сè попопуларен во Холивуд, а неговата првобитна цел е лекување на дијабетес. Парот има три деца, Кели, Ејми и Џек, а исто така станаа и баба и дедо.

Share This Article