Пожарите однесоа 15 животи во Алжир: Температурата на воздухот до 50 степени

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најмалку 15 лица загинаа, а 26 се повредени во шумските пожари што зафатија неколку региони во Алжир, каде што температурата на воздухот во последните денови се искачи на 50 степени Целзиусови.

Пожари избувнаа на шумски и земјоделски површини на 97 различни точки во 16 алжирски градови, а дел од пожарите зафатија и села, се наведува во соопштението на алжирското Министерство за внатрешни работи.

Во пожарите во Алжир досега загинаа 15 лица, 26 се повредени, а околу 500 луѓе се евакуирани.

Шумските пожари продолжуваат да беснеат во крајбрежните градови како Бумердас, Буира, Тизи Визу, Бејаја, Џиџел и Скикда, а напорите за гаснење продолжуваат со мобилизирање на сите ресурси.

Националната цивилна заштита вчера соопшти дека поради високите температури на воздухот избувнале шумски пожари во седум градови на северот на земјата и дека продолжуваат да се гасат од воздух и од земја.

Метеоролошкиот институт на Алжир го вклучи алармот од портокалово на црвено и објави дека земјата се соочува со тешки климатски услови каде температурата на воздухот надминува 48 степени.

Околу еден месец во Алжир се забележани рекордни температури кои во главниот град достигнаа 48 степени, а во другите региони до 50 степени.

Share This Article