Кинеските медиуми јавуваат дека 26 лица загинале во пожар што денеска зафати деловна зграда во северна Кина.
Пожар избувна во четирикатница во градот Лулијанг, провинцијата Шанкси околу 7 часот по локално време.
Според медиумите, пожарот сега е ставен под контрола, а 63 лица се префрлени во болници.
Пожарот избувна во провинција која е главен производител на јаглен во земјата, каде што се чести индустриските несреќи кои можат да доведат до пожари поради недоволно строгите безбедносни стандарди, јавува Би-Би-Си.