Дваесет лица загинаа во пожар во приватен дом за стари лица во сибирскиот град Кемерово, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Пожарот избувнал пред зори во двокатна дрвена зграда.
Кермерово е град на околу 3.000 километри од Москва.
Причината за пожарот се уште не е утврдена, а според медиумите, зградата се греела со печки на цврсто гориво.
Не се знае точно колку луѓе имало во домот за стари лица во моментот кога избувнал пожарот.