More

    Повредени се набљудувачи и преведувач на ОН

    spot_img

    Возило на привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) било погодено во напад во градот Рмеиш на јужната граница, пренесе Ал Џезира повикувајќи се на 2 безбедносни извора.

    УНИФИЛ во меѓувреме потврди дека во експлозија се повредени тројца набљудувачи на ОН и еден преведувач. Мировната мисија на ОН соопшти дека „го истражува потеклото на експлозијата“ во која биле повредени четворица припадници на нејзин персонал во патролна мисија во јужен Либан.

    УНИФИЛ во соопштение наведоа дека „мора да се обезбеди безбедност и заштита на персоналот на ОН“ и повика на прекин на речиси секојдневните прекугранични напади на Израел и на Хезболах.

    „Сите актери имаат одговорност според меѓународното хуманитарно право да обезбедат заштита на неборците, вклучувајќи ги мировниците, новинарите, медицинскиот персонал и цивилите“, се вели во соопштението.

    „Спротивно на извештаите, израелската армија утринава не нападна возило на привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) во областа Рамиш“, соопшти израелската армија на Х.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img