Повредени 16.000 луѓе, животните бегале на покриви од куќи!

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа денеска изјави дека околу 16.000 луѓе ширум Турција се повредени за време на колењето на жртвените животни за време на исламскиот празник Курбан Бајрам.

Тој на мрежата „Х“ напиша дека 1.274 лица се пријавиле во медицинските установи во Анкара, 840 во Истанбул и 416 во Измир поради повреди здобиени при колење животни за жртвувањето за празникот.

Коча изјави дека овие повреди настанале затоа што „животните не се колат од професионалци“.

– Ги советуваме граѓаните да внимаваат на ова. Приближно 16.000 луѓе од првиот ден нема да можат да уживаат во празникот колку што сакаат – предупреди Коча.

Одбележувањето на четиридневниот исламски празник Курбан Бајрам започна вчера.

Share This Article