Повеќе од 65 години откако дете на околу петгодишна возраст било пронајдено мртво во Филаделфија, истражните власти на САД објавија дека со помош на ДНК-анализа успеале да го откријат неговиот идентитет

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Повеќе од 65 години откако дете на околу петгодишна возраст било пронајдено мртво во Филаделфија, истражните власти на САД објавија дека со помош на ДНК-анализа успеале да го откријат неговиот идентитетобјавија американски медиуми.

Случајот познат како „Дете во кутија“ е најстарото нерасчистено убиство во Филаделфија. Детето било пронајдено завиткано во ќебе во картонска кутија во шумска област во североисточна Филаделфија на 25 февруари 1957 година.

Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца тогаш објави дека дека момчето имало неколку лузни на телото и дека косата му била насилно исечена. Се проценува дека момчето било на возраст меѓу четири и шест години. Детето тежело околу 13 килограми и било неухрането, потсетува Си-ен-ен.

– И покрај бројните обиди да се идентификува детето низ годините, идентитетот на момчето остана мистерија. Преку детективска работа и ДНК анализа, полицијата конечно успеа да го идентификува детето – соопшти полицискиот оддел во Филаделфија.

Полицијата не го објави името на момчето и соопшти даека продолжува истрагата по убиецот на детето. Распишана е награда од 20.000 долари за информација која ќе доведе до решевање на случајот.

Share This Article