More

    Повеќе од 100 лица се уапсени во Иран во врска со мистериозното труење на ученички во училишта за девојчиња, што предизвика бес во земјата

    spot_img

    Повеќе од 100 лица се уапсени во Иран во врска со мистериозното труење на ученички во училишта за девојчиња, што предизвика бес во земјата, соопштија локалните власти.

    „Повеќе од 100 лица се осомничени дека се одговорни за училишните инциденти се идентификувани, уапсени и испрашани“, се вели во соопштението на иранското Министерство за внатрешни работи, цитирано од новинската агенција ИРНА.

    Иранското МВР не соопшти други детали за лицата кои биле уапсени во неколку провинции, вклучувајќи ги Техеран и Кум на север, Источен и Западен Азербејџан на северозапад и Курдистан и Хамадан на запад.

    Сепак, во соопштението се вели дека некои од уапсените имале непријателски мотиви „да создадат атмосфера на страв меѓу учениците и да се затворат училиштата“.

    Во соопштението се споменуваат „можни врски со терористички организации“ и се посочуваат „Муџахедините на народот“, движење кое дејствува во егзил. Некои негови членови најдоа засолниште во Албанија, пренесува БТА.

    Во одговор на наводите, Шахин Гобади, портпарол на движењето во Париз, го осуди „смешниот спектакл на прикривање на улогата на институциите под команда на Хамнеи во ова големо злосторство“, повикувајќи го Техеран да прифати меѓународна истрага.

    – Злосторството со труење на илјадници ученички … не е дело на никој друг, туку на свештеничкиот режим и неговиот безбедносен и репресивен апарат – рече тој.

    Министерството за внатрешни работи на Иран во своето соопштение изразува задоволство што од средината на минатата недела инцидентите значително се намалени и нема нови случаи на болни ученици.

    Иранските власти досега регистрираа повеќе од 5.000 засегнати ученици во околу 230 училишта, во 25 од 31 провинција во Иран.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img