Полицијата употреби водени топови за да растера илјадници климатски активисти кои протестираа на автопат во Холандија во саботата барајќи прекин на владините субвенции за индустријата за фосилни горива.Повеќе од 10.000 луѓе маршираа по автопатот А12 кон Хаг, игнорирајќи ги предупредувањата од властите да не ја блокираат главната сообраќајна артерија кон седиштето на холандската влада.
Полицијата во соопштението соопшти дека привела 2.400 демонстранти, меѓу кои и малолетници. Нема извештаи за повредени.
Extinction Rebellion, кој го организираше настанот, рече дека ќе продолжи да протестира се додека холандската влада не престане да користи јавни средства за субвенционирање на индустријата за нафта и гас.
„Морињата се креваат, а и ние“, скандираше толпата, во која имаше деца и постари лица.