Поведена постапка за делови од Законот за средното образование кои се однесуваат на користење бесплатен јавен превоз

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Судот, постапувајќи по иницијативата на Лука Павиќевиќ од Скопје, одлучи да се поведе постапка за оценување на уставноста на членот 41-а став 1 во делот „јавно” од Законот за средното образование.

Исто така, по сопствена иницијатива, Судот одлучи да се поведе постапка и за оценување на уставноста на став 3 во делот „јавното“ од истиот член.

Причината за постоење основано сомнение во уставноста на овие делови од одредбите од Законот за средното образование, е што според Судот, со истите се повредува уставниот принцип на еднаквост, на начин што се воспоставува различен третман за учениците во јавните, во однос на учениците во приватните средни училишта при користењето на бесплатен превоз до училиштето, односно се предвидува ова право да го користат само редовните ученици во јавните средни училишта.

Судот одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на член 41-а став 2 од Законот за средното образование.

Share This Article