More

    Потврдена најлошата вест: Момчето чие тело беше пронајдено на ливадата е малиот Аријан

    spot_img

    Потврдена е најлошата вест: телото кое беше пронајдено на ливада во Есторф, Германија е идентификувано како момчето Аријан.

    Шестгодишното момче од Бремерворде-Елм се води како исчезнато од 22 април годинава, а стотици луѓе со најсовремена опрема, кучиња, коњи и хеликоптери трагаат по аутистичното момче кое го напуштило својот дом.

    Во понеделникот попладне, фармер пронашол мртво дете додека косел ливада во Есторф. Локацијата е на само неколку километри од куќата на Аријан. Портпаролката на полицијата изјавила дека областа била пребарувана неколку пати по исчезнувањето на Аријан, пишува Spiegel.

    Момчето последен пат е видено дома на 22 април околу 19 часот. Таткото забележал дека неговиот син го нема и ја известил полицијата. Снимките од надзорните камери покажаа дека момчето на 22 април околу 19 часот и 15 минути шетало сам низ населбата. Само што научил како да отвори заклучена врата, па можеби затоа решил да излезе.

    При претресот се обидувале да му го привлечат вниманието со огномет, балони и слатки, свиреле детски песни… Аријан не реагирал. По еден месец, потрагата беше прекината, но истражителите сепак излегоа на терен според извештаите. Таков пристигна и во понеделникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img