Општина Дебрца ги потсетува своите даночни обврзници дека тече рокот за плаќање на данокот на имот и комуналната такса.
Во изминатиот период од страна на општинската администрација беа доставени даночните и решенијата за комунална такса за 2023 година, а до даночните обврзници кои имаат заостанати обврски заклучно со 31.12.2022 година се доставени опомени со дополнителен рок за подмирување на обврските.
Во наредниот период до сите даночни обврзници кои не ги подмириле обврските и во дополнителниот рок ќе бидат доставени последни опомени , по што следува донесување на решенија за присилна наплата, а за што градоначалникот и општинската даночна администрација се задолжени согласно законот.
Уште еднаш апелираме до даночните должници да постапат по опомените и да ги измираат своите обврски во примерниот рок, како не би се изложиле на дополнителни трошоци за присилна наплата.
Воедно, Ве известуваме дека од страна на општинската даночна администрација е започната постапка за ажурирање на податоците од даночните регистри.
За сите дополнителни информации можете да се обратите до општинската даночна администрација.