More

    Потресни сцени од големата размена на заробеници меѓу Украина и Русија

    spot_img

    Вкупно 195 заробени украински војници се вратија дома по договорот со Русија за размена на затвореници, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    „Нашите луѓе се дома. Благодарен сум на нашите партнери кои ни помагаат да ги вратиме Украинците дома. 3035 наши луѓе веќе се споени со своите семејства. И бројот само ќе расте. Сите наши мора да се вратат дома“ – напиша Зеленски на Твитер.

    На социјалните мрежи се појавија потресни фотографии од разменетите Украинци, кои плачат обвиткани во украински знамиња.

     

    Двете земји разменија многу затвореници за време на речиси двегодишната војна, но дополнителните размени беа доведени во прашање откако Москва го обвини Киев за соборување на воен транспортен авион минатата недела, во кој наводно имало 65 украински затвореници.

    Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека го комплетирало договорот за размена со Украина, според кој секоја страна добила назад по 195 војници. Министерството соопшти дека руски војници ќе бидат испратени во Москва за да добијат медицинска и психолошка помош.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img