More

    Потпишан Основен договор меѓу Владата на Црна Гора и Српската православна црква

    spot_img

    Основниот договор меѓу Владата на Црна Гора и СПЦ (СПЦ) беше потпишан во 10 часот во Подгорица.

    Договорот го потпишаа премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и патријархот на Српската православна црква, Порфирије.

    На фотографијата што Абазовиќ ја објави на Телеграм, се гледа дека на потпишувањето присуствувале и министерот за правда Марко Ковач и митрополитот Црногорско-приморски Јоаникије.

    Порфирије претходно без никаква претходна најава пристигна во Подгорица.

    Дел од медиумите претходно најавија дека потпишувањето ќе се случи на 3 август, но тоа тогаш го демантираше премиерот Дритан Абазовиќ.

    „Не го знам датумот на потпишувањето, но мислам дека процесот треба да заврши. Трети август како датум на потпишување според мене е дезинформација бидејќи датумот се уште не е прецизиран“, изјави во неделата Абазовиќ.

    Владата официјално не го објави доаѓањето на Порфири, ниту се огласи за ова прашање пред потпишувањето, ниту пак СПЦ.

    Неколку десетици граѓани протестираат кај вилата Горица против потпишувањето на основниот договор.

    Полицијата го блокираше приодот до вилата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img