ПОСТАВЕН Е СПОМЕНИК НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ПУСТЕЦ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во своето обраќање на свеченоста по повод откривањето на спомен биста на македонскиот великан Гоце Делчев во Пустец, Албанија, изрази задоволство дека заедно со Македонците од другата страна на границата, оддава почит на еден од најсветлите ликови на нашата историја, идеолог и борец за слободна и независна македонска држава.

– Делото на Гоце Делчев ги поврзува сите Македонци, каде и да сме. Ние нема никогаш да се откажеме од големите дела и големите зборови на нашите револуционери кои биле на вистинската страна на историјата, како што сме ние денес. Ние кои сме во прогресивниот табор и кои на државата и посакуваме светла европска иднина со рамноправни граѓани и среќни млади генерации – рече Костадиновска-Стојчевска по повод откривањето на бистата на Делчев, на годишнината од неговата смрт.

Таа нагласи дека неговата визија за светот како поле за културен натпревар помеѓу народите нема никогаш да го изгубат значењето во нашето колективно постоење и во нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.

– Останавме доследни на нашето ветување дека нема да престанеме да градиме мостови на поврзување и дијалог – додаде Костадиносвка-Стојчевска.

Бистата на Делчев е поставена на иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, чиј претседател Васил Стеровски истакна дека оваа биста е симбол на нашата непоколебливост и верба во принципите на правда и слобода.

Share This Article