Објавени се нови цени на горивата кои важат денеска од 15 часот.
Литар Еуродизел на пумпите во Србија ќе чини 196 динари, а бензин Еуропремиум БМБ 176 динари, пишува Блиц.
Споредено со цената на горивата од минатата недела, и дизелот и бензините поскапеле за два динари.
Минатата недела литар еуродизел на пумпите во Србија чинеше 194 динари, а бензин Еуропремиум БМБ 174 динари.