Модната дизајнерка Викторија Бекам во саботата, 20 април, го прослави својот 50-ти роденден.
По тој повод организирала гала прослава, а за специјалното изненадување, според пишувањата на странските медиуми, се погрижил нејзиниот сопруг – поранешниот фудбалер Дејвид Бекам.
Имено, тој не штедел пари за јубилејниот роденден на сопругата, па потрошил околу 250.000 фунти за да го ангажира омилениот готвач на Викторија и за набавка на нејзиниот омилен шампањ, кој чини 3.000 фунти по шише, пишува „Дејли мејл“.
Посебно изненадување за сите гости биле членките на некогаш најпопуларната женска група „Спајс грлс“, чиј дел беше и Викторија. Тие заедно ја извеле својата песна „Stop“, а имале и кореографија. Дејвид сето ова го снимал, притоа не симнувајќи ја насмевкаата од лицето.
Пред почетокот на роденденската прослава, Дејвид и Викторија позираа заедно со своите четири деца, а Викторија во објава на Инстаграм напиша дека „едвај чека да започне прославата“.
Инаку, на роденденската прослава гости беа најблиската пријателка на Викторија, Ева Лонгорија со сопругот, Том Круз, Марк Ентони со сопругата – Мис Универзим, Џејсон Статам со сопругата – манекенката Рози Вајтли Хантингтон, познатиот британски готвач Гордон Ремзи и многу други.