More

    Објавена е првата фотографија од претстојниот биографски филм „Мајкл“ за кралот на попот Мајкл Џексон

    spot_img

    Објавена е првата фотографија од претстојниот биографски филм „Мајкл“ за кралот на попот Мајкл Џексон.

    Ѕвездата на филмот, Џафар Џексон, ја објави фотографијата на својот инстаграм-профил.

    На црно-белата фотографија можеме да го видиме Џафар како го изведува иконскиот танцов чекор на легендарниот Мајкл Џексон.

    Инаку, актерот е и внук на легендарниот пејач.

     

    Приказната за Мајкл Џексон доаѓа на големото платно следната година. Студиото „Лајонсгејт“ објави дека биографскиот филм со наслов „Мајкл“ ќе се појави во светските кина на 18 април 2025 година.

    „Филмот ги прикажува неговите подеми и падови, од неговата човечка страна и личните борби, до неговиот креативна генијалност, што се рефлектира во неговите најиконични настапи. Како никогаш досега, публиката ќе доживее увид во животот на еден од највлијателните уметници коишто светот некогаш запознал“, навеле од продукцијата.

    Режисер е Антоан Фуква, познат по филмот „Ден на обука“, додека во улогата на пејачот ќе се појави внукот на Мајкл, Џафар Џексон. Инаку, тој е син на постариот брат на Мајкл, Џермејн Џексон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img