Прославениот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер, во пресрет на дуелот меѓу Италија и Македонија, на Твитер им посака среќа на италијанските фудбалер.
По натпреварот Бастијан констатираше дека не ѝ донел среќа на Италија, а испрати и предупредување до наредниот противник на Македонија во баражните средби за пласман на Светското првенство, селекцијата на Португалија.
– Македонците се тврд тим, тие во квалификациите ја совладаа и Германија – објави Швајнштајгер.