More

    Португалецот ќе го продолжи договорот со Ал Наср, а сака да игра и на Мундијалот во 2026

    spot_img

    Фудбалерот на Ал Наср, 39-годишниот Кристијано Роналдо, влезе во преговори со саудискиот клуб за продолжување на договорот, објави новинарот Николо Шира на социјални мрежи.

    – Португалецот има намера да се натпреварува на Светското првенство во 2026 година и потребни му се натпревари за да остане во форма – смета Шира.

    Доколку тоа се случи, Роналдо ќе стане првиот играч во историјата кој учествувал на шест различни Светски првенства.

    Роналдо се пресели во Ал-Наср на 30 декември 2022 година. Клубот од Саудиска Арабија потпиша договор со Португалецот на 2,5 години. Беше објавено дека зделката е вредна 200 милиони евра по сезона.

    Во тековната сезона, Роналдо забележа седум настапи за Ал-Наср во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и две асистенции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img