More

    Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби најави дека следните денови ќе има нова американска помош за Украина

    spot_img

    Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби денеска најави дека следните денови ќе има нова американска помош за Украина.

    – Водени од желбата да им обезбедиме на (Украинците) средства неопходни за победа на бојното поле, веќе ветивме повеќе од 13 милијарди долари воена помош за украинските сили. Ќе продолжиме со нашата поддршка и во следните денови ќе објавиме поголема помош – истакна Кирби.

    На Денот на независноста на Украина, 24 август, американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека Киев ќе добие американска помош во износ од речиси три милијарди долари.

    Во меѓувреме, војната не стивнува. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа близу градот Запорожје, стратешка точка на фронтот. Светот стравува од нуклеарна катастрофа. Денеска, екипите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) пристигнаа во Украина.

    Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, изјави дека МААЕ ќе се обиде да формира постојана канцеларија во нуклеарната централа Запорожје, со цел да се избегне евентуална нуклеарна несреќа.

    – Мојата мисија е да спречам нуклеарна несреќа и да ја спасам најголемата нуклеарна централа во Европа. Вистинската работа започнува утре. Ќе се обидеме да формираме постојана канцеларија во централата – наведе Гроси.

    Мисија на МААЕ денеска пристигна во јужниот украински град Запорожје, а утре е предвидено да ја посети нуклеарната централа, што е под руска окупација.

    Мисијата предводена од Гроси е составена од 14 луѓе, кои утре треба да го оценат нивото на безбедност на нуклеарната централа Запорожје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img