Заменик-порпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер беше позитивна на коронавирус по враќањето од Европа, каде што престојуваше со американскиот претседател Џозеф Бајден.
Главниот заменик-секретар на печатот изјави дека последен пат го видела Бајден на состанок на кој се почитувала мерката на дистанцирање поради ширење на инфекцијата.
Претседателот на САД е целосно вакциниран и според американските здравствени власти, Карин Жан Пјер не се смета за близок контакт.
Жан-Пјер отпатува во Белгија и Полска со Бајден бидејќи портпаролката Џен Псаки беше позитивна на коронавирус.
Таа изјави дека има благи симптоми и дека во периодот на карантин ќе работи од дома.
Белата куќа не соопшти кога Бајден (79) последен пат бил тестиран за коронавирус.