More

    Пораз на италијанската десница на регионалните избори на островот

    spot_img

    Италијанската премиерка Џорџа Мелони го претрпе првиот изборен пораз по доаѓањето на власт во 2022 година, откако кандидатката на левиот центар победи на локалните избори на Сардинија. По речиси сите преброени гласови, Алесандра Тоде од Движењето пет ѕвезди, кое ја поддржа Демократската партија, партија на левиот центар, освои 45,3% од гласовите, а десничарскиот кандидат Паоло Труцо, кој беше поддржан од Мелони, освои 45%.

    И покрај тесната разлика и тоа што не се преброени сите гласови, Тоде ја прослави својата победа со лидерот на Движењето пет ѕвезди и поранешен премиер, Џузепе Конте и со шефицата на Демократската партија, Ели Шлејн.

    Тоде ќе биде првата жена претседател на регионот Сардинија и прва претседателка на некој регион од Движењето пет ѕвезди.

    Победата, откако ќе биде потврдена, би значела и дека за прв пат од 2015 година некој од левиот центар победил на регионалните избори што ќе биде поттик за опозицијата по цела деценија порази.

    Говорејќи во главниот град на островот Каљари, Тоде им рече на новинарите дека е „многу среќна и многу горда“, додавајќи дека „страница во историјата“ се пишува за Сардинија.

    Гласањето се одржа на 25 февруари, а броењето започна еден ден подоцна и траеше невообичаено долго.

    Блокот на Џорџа Мелони, кој ги вклучува нејзината партија Браќа на Италија, Лига и Напред Италија, победи на сите четири регионални избори во 2023 година и контролираше 14 од 20 региони до изборите на Сардинија.

    Анкетите покажуваат дека десничарската коалиција сè уште води на национално ниво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img